Шпанија планира да го смени начинот на кој го следи ширењето на коронавирусот со цел да се врати на нормалниот живот. Затоа, земјата повеќе нема да го смета ковид-19 за пандемична, туку ендемична болест, како и обичниот грип.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, изјавил дека владата дискутира за овие промени. Во Шпанија, стапката на смртност од ковид-19 се намалила на 1 отсто од 13 отсто. Според Санчез, поради намалувањето на стапката на смртност, вирусот повеќе не е смртоносен.
Меѓутоа, Џефри Лазарус од Институтот за глобално здравје во Барселона, вели дека сè уште не ѝ се гледа крајот на пандемијата, а потегот на владата повеќе е политички отколку здравствен. Истовремено, Светската здравствена организација продолжува да ги советува земјите да бидат внимателни бидејќи бројот на невакцинирани луѓе во светот останува голем.
Во Шпанија, досега целосно се вакцинирале 90 отсто од жителите, а 85 отсто од лицата над 60 години примиле и трета доза.
Извор:
Euronews
Фото: Pixabay