X
 21.02.2023 Живот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, прогласен од УНЕСКО на 30. сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната година е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.

На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазиците.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Најавени се поздравни обраќања на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, и Лидија Тантуровска, научен советник во Институтот.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот