Илон Маск не е против образованието, иако неговите коментари може да поттикнат многумина да го помислат тоа. Тој завршил факултет и има двојна диплома по физика и по економија. Сепак, во неодамнешно интервју тој посочил дека магистерските програми за бизнис-администрација автоматски не ги прават дипломците ефективни менаџери или лидери.
- Патот до лидерската позиција не треба да биде преку ситуација со магистерска диплома по бизнис-администрација на факултет за бизнис. Треба да биде напредување преку работа и правење корисни работи - изјавил тој.
Според Маск, магистрите по бизнис-администрација можеби се добри за правење презентации во „Пауер поинт“ или слично и може да презентираат добро, но не мора да значи дека знаат како функционираат работите.
- Тие се пуштаат со падобранец на позицијата наместо да стигнат до неа. Како да не се свесни што е потребно за да се прават добри производи - изјавил Маск.
Ставот на Маск е поткрепен и со истражување спроведено на Универзитетот „Стенфорд“, кое посочува дека малку успешни
претприемачи во мали градови имаат магистерска диплома по бизнис-администрација или планираат да имаат таква.
Сепак, нема сомнеж дека студентите на овие програми учат корисни вештини кои може да се надградат, како што е случајот со повеќето студиски програми.
Во продолжение следува целото интервју на Маск.
Автор: Џефри Џејмс
Извор:
inc.com
Фото: Screenshot/Youtube