X
 29.04.2024 Технологија

Новиот кинески хуманоиден робот е брз и вешт како човек

Влеговме во ерата на хуманоидните роботи, а од производствените линии одвреме-навреме излегуваат нови, подобри и поразвиени модели. Последниот чекор напред го прави кинеската компанија „Астрибот“, подружница на „Стардаст Интелиџенс“со седиште во Шенжен, специјализирана за развој на роботски асистенти со вештачка интелигенција. Нивниот хуманоид С1 ги извршува домашните работи со невидена брзина, врши движења со брзина од 10 метри во секунда и може да носи по 10 килограми товар на секоја рака.

Матичната компанија на Астрибот е основана од Лаи Жи, роботичар кој ја изградил својата кариера на „Тенсент“, „Баиду“ и Политехничкиот универзитет во Хонг Конг. Жи во С1 го вложил своето искуство од водењето на развојот на роботот на тркала од „Тенсент“ наречен Оли, како и разни други нови типови на роботи. Името на компанијата е изведено од латинската поговорка „Ад астр пер аспера“ (Од трње до ѕвезди), што, како што велат, е долгорочен план на компанијата насочен кон развој и популаризација на технологијата за роботи со вештачка интелигенција.

„Астрибот“ започнала со работа во 2022 година и им требало една година да го развијат својот прв хуманоиден робот чија изведба, тврдат од компанијата, е најблиску до човечките перформанси. Користејќи учење со имитација, С1 лесно се прилагодува на условите и може да извршува различни сложени задачи со голема работна брзина. Роботот бил подложен на ригорозни тестирања со големи модели, а на пазарот треба да се појави веќе оваа година.


Импресивна брзина и прецизност


Техничките податоци засега се непознати, а од видеото не може ни да се заклучи дали С1 има некакви независни можности за движење или е наменет да работи само на едно место, каде што е поставен. Но, она што тој може да го направи е навистина импресивно. Роботот очигледно е доволно брз и вешт да го извлече чаршафот од под чашите за вино, за да не се превртата. С1 вешто ги имитира човечките движења, беспрекорно користи шрафови и отворач за шишиња, налева вино, лупи краставици, превртува сендвичи во тава, користи правосмукалка, пегла и витка алишта.

Доба на иновации

Брзиот напредок во вештачката интелигенција и големите јазични модели, им помагаат на компаниите за роботика да ја подобрат обуката и развојот на производи. „ОупенАи“ објави два новитети: во партнерство со норвешката „1X Тек“, го претстави својот робот со мек допир за преклопување алишта, а со помош на „Фигујр АИ“, беше најавен и напреден робот со револуционерно расудување и способност за обработка на природен јазик.

„Бостон Динамикс“ ја претстави најновата, електрична генерација на својот „Атлас“, а кинескиот „УБТек“ импресионираше со изведбата на ботот што зборува - наречен Вокер С, познат по својот нежен допир. Хуманоидната роботика се развива со голема брзина и ова, велат тие, е само почеток на она што не очекува во наредните месеци.

Извор: bug.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија