X
 22.03.2020 Живот

Најсреќните земји и градови во светот во 2020 година

Од 2012, кога првпат бил објавен извештајот за среќа во светот, на врвот на листата со најсреќни земји се нашле само четири земји: Данска, Швајцарија, Норвешка и Финска. Последната се најде на врвот на листата во последните две години, а оваа година само го зацврсти местото.

Извештајот оваа година првпат направи ранг-листа на најсреќни градови. Не изненадува дека Хелсинки, главниот град на Финска, се најде на врвот на оваа листа.


Фото: Pixabay

Најсреќните земји во светот во 2020

1. Финска
2. Данска
3. Швајцарија
4. Исланд
5. Норвешка
6. Холандија
7. Шведска
8. Нов Зеланд
9. Луксембург
10. Австрија
11. Канада
12. Австралија
13. Велика Британија
14. Израел
15. Костарика
16. Ирска
17. Германија
18. САД
19. Чешка
20. Белгија

Според податоците во извештаите од 2017 до 2019 година, Македонија се наоѓа на 90. место од вкупно 153 земји.


Фото: Pixabay

Најсреќни градови во светот во 2020

1. Хелсинки, Финска
2. Орхус, Данска
3. Велингтон, Нов Зеланд
4. Цирих, Швајцарија
5. Копенхаген, Данска
6. Берген, Норвешка
7. Осло, Норвешка
8. Тел Авив, Израел
9. Стокхолм, Шведска
10. Бризбејн, Австралија
11. Сан Хозе, Костарика
12. Рејкјавик, Исланд
13. Торонто, Канада
14. Мелбурн, Австралија
15. Перт, Австралија
16. Окленд, Нов Зеланд
17. Крајстчерч, Нов Зеланд
18. Вашингтон, САД
19. Далас, САД
20. Сиднеј, Австралија

Скопје се најде на 124. место. Од градовите во регионот, Љубљана се најде на 69. место, Белград на 74., Сараево на 91., Солун на 94., Софија на 109., Загреб на 110., Атина на 121., Тирана на 126. и Приштина на 127. место.

Извор: worldhappiness.report
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот