Најмалиот син е прваче, тој е трето дете во семејството, големиот син е деветто, а ќерка ми е четврто одделение. Кога тргна на училиште, бидејќи не беше често одвоен од мене, плачеше наутро на првиот час, но потоа се навикна. Проблемот е што другарчињата го исмевале дека има вишок тежина и за ранецот – бил бебешки зашто бил со животни. Купивме друг ранец, но проблемот е во тоа што син ми сега има одбивност кон училиштето. Разговаравме со психолог, педагог и со учителката, но тоа не помогна. Почнав да седам на час со него, но ако станам да си одам, и тој доаѓа по мене. Ве молам за совет.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк