X
 05.07.2016 Образование

Зошто недостатокот на емоционална интелигенција може да биде причина за отказ и неуспех?

Едно барање за совет на млад стажант станало популарно на интернет изминатата недела. Имено, станува збор за објава на askmanager.com Читателот одел на летна пракса во компанија која работи во посакуваната индустрија на индивидуалецот.

„Иако одделот во кој бев најмен да работам не е за односи со клиенти или корисници, сепак имаше многу строг кодекс за обелкување“, пишува стажантот.

Тој не планирал да каже нешто се' додека не забележил дека еден од работниците не носел чевли според кодексот. Стажантот зборувал со менаџерот, кој му кажал дека нема исклучоци кога станува збор за кодексот за облекување. Налутен од односот на менаџерот и по откривање дека многу други стажанти се чувствувале исто, овој стажант напишал предлог за промена на кодексот. Со предлогот била доставена и петиција потпишана од секој стажант.

Стажантите барале кодекс кој е бизнис-кежуал со чевли кои се соодветни и подубни наместо задолжителните костуми. Кој бил резултатот?

Следниот ден, сите стажанти кои ја потпишале петицијата биле повикани на состанок каде што биле информирани дека се отпуштени поради непрофесионално однесување.

„Бевме шокирани... Најлошиот дел е тоа што токму пред завршувањето на состанокот, еден од менаџерите ни кажа дека работникот можел да не го почитува кодексот бидејќи е поранешен војник и ја загубила својата нога, па затоа може да носи чевли во кои може полесно да се движи“, пишува стажантот.

Inc.com пишува дека проблемот резултирал така поради недостаток на емоционална интелигенција. Емоционалната интелигенција може да биде многу корисна бидејќи ја обликува нашата комуникација на начин со кој луѓето слушаат со отворен ум.

Како емоционалната интелигенција би ја решила ситуацијата?

Inc.com пишува дека стажантот гледал само од една перспектива. Имено, кога го добил одговорот од менаџерот, стажантот побарал мислење од луѓе со слични погледи и слична работа. Кога сте вклучени во емоционална ситуација на работното место, добро е да се добие перспектива од некој постар и поумен.

Потоа, агресивната комуникација може да донесе само агресивно однесување. Доколку стажантот постапил посмирено, компанијата можеби повторно немало да го смени кодексот, но стажантите не би биле отпуштени.

Конечно, наместо да го види одговорот на компанијата како „повик за будење“, стажантот се фокусирал на тоа дека ситуацијата не била фер, но така не научил ниту една лекција. Дури и доколку мислите дека некој одговор или нечие мислење се строги и непотребни, големи се шансите дека може да имате поволност од нив.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование