Денес и утре Фејсбук ќе биде домаќин на годишната Ф8 конференција за девелопери во Сан Хосе.
Фото: Фејсбук
Компанијата треба да ги претстави нејзините нови производи, експерименти и технологија на виртуелната реалност, како и платформата за „Месинџер“, алатки за отворени извори, извори за издавачи и многу други нешта.
Koнференцијата започнува во 19.00 часот. Следете ги овие чекори за да можете да ја гледате конференцијата во живо.
1. Одете на
fbf8.com/watch
2. Логирајте се со вашиот Фејсбук профил или меил адреса за да добиете пристап до стримингот во живо.