X
 21.04.2020 Образование

Онлајн-клуб креатори на јавни политики за безбедност и меѓународни односи на Факултетот за безбедност-Скопје и Aмериканскиот центар за образование

Факултетот за безбедност-Скопје при УКЛО и Американскиот центар за образование започна со онлајн-активности преку организирање сесија на предавања од областа на јавните политики за безбедноста и меѓународни односи за студентите од Факултетот за безбедност-Скопје и другите факултети од земјата што следат предметни програми за безбедносни политики, безбедносни стратегии, креирање јавни политики, современи теории и концепти за безбедност и др.

Преку оваа активност е постигната целта за поттикнување на активностите во високото образовните и во овие вонредни околности со цел мотивирање на студентите преку електронска комуникација, информира проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски иницијатор на проектот за онлајн-клуб за креирање јавни политики. Сесиите вклучуваат предавања и дискусии од професори од земјата и странство, споделување практики за донесување одлуки, пишување трудови, симулации и евентуални посети на институции кога ќе се создадат услови за тоа.

1

Во првите сесии говореа: проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на УКЛО и професор на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Горан Илиќ, декан на Правниот факултет при УКЛО, проф. д-р Југослав Ачковски од Воената академија, проф. д-р Ветон Љатифи од УЈИЕ и др.

Потребен е сеопфатен и систематски пристап кон креирање јавни политики засновани врз принципите на човекови права, инклузивност и опфаќање широк спектар на проблеми и сектори, воедно да одговори на глобалните ризици и закани. Затоа се започна дискусија за тоа како досега се подготвувале и донесувале јавните политики од областа на безбедноста и меѓународните односи во Република Северна Македонија и воедно прашањето за нивно преиспитување, нагласи меѓу другото професор Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје.

Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје, проф.д-р Никола Дујовски, нагласи дека тероризмот, насилниот екстремизам и миграциите и понатаму ќе продолжат да ја оптоваруваат безбедноста покрај светската пандемија, затоа се потребни градења на јавни политики кои ќе одговара на ризиците и заканите. Тој нагласи дека сите овие онлајн-проекти ќе се мотивираат студентите за совладување на материјалите во студирањето и ќе дадеме одговор на потребите на новото време.

3

Темите опфатени за време на предавањата се: преиспитување и подобрување на јавната политика, евроатлантски прашања и проширување, либерални демократии и вредности во теорија и практика; и тековни актуелни теми од областа на јавните политики за глобалните предизвици и ризици. Програмата е наменета за студенти од Факултет за безбедност, Правниот факултет од Скопје и Кичево и сите други студенти заинтересирани од Универзитетите може да се вклучат преку нивно пријавување. Програмата е многу тесно поврзана со целите на стратегија на земјата за интеграција поврзани со безбедноста, ризиците и членството во меѓународните организации. За време на презентациите, студентите ќе имаат можност меѓу другото да стекнат повеќе знаења за различните поделби на моќ низ целата земја и светот, информира проректорот Ѓуровски.

4

За своите активности и следења на предавањата и понатамошна практична работа студентите ќе добијат Сертификат од Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование