X
 30.08.2023 Живот

Австрија нуди бесплатно патување со железница во период од една година, условот е да го истетовирате билетот

Веројатно сте ја слушнале поговорката дека не постојат лоши идеи. Но, тоа беше пред австриската министерка за клима Леоноре Гевеслер да ја одобри кампањата која им овозможува на луѓето бесплатен јавен превоз во период од една година доколку го истетовираат логото на картичката на нивното тело.

Министерката сподели детали за иницијативата на музички фестивал пред да сподели фотографија од сопствената рака на која имаше тетоважа: „Гевеслер го презема водството“. Но, нејзината тетоважа беше привремена.

Реакциите беа брзи откако присутните на музичкиот фестивал беа поканети да си го истетовираат „климатскиот билет“ на нивното тело, кој вообичаено чини над 1.000 евра за неограничено патување со железница, автобус, трамвај и метро низ Австрија. Толку и ќе платат за пет третмани за ласерско отстранување на тетоважата.

Колку и да звучи глупаво, околу 36 луѓе ја прифатиле иницијативата и го истетовирале климатскиот билет.

Иницијативата беше критикувана од многу личности, но Гевеслер ја бранеше велејќи дека оние што ги прават тетоважите веќе имаат тетоважи на сопственото тело.

- Ова е организирано и спроведено со огромно внимание и им се нуди на лица постари од 18 години - изјави таа за една локална австриска телевизија.

„Климатскиот билет“ почна да се продава во 2021 година со цел што повеќе луѓе да се одлучат за јавен превоз наместо за автомобил.

Извор: Independent.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот