X
 21.04.2022 Наука

Можеби има хуманоиден вид сличен на хобитот што живее на индонезиски остров

Пред речиси 20 години на индонезискиот остров Флорес биле пронајдени коски од хуманоиден вид кој наликувал на фиктивното суштество хобит.

Според истражувачот Грегори Форт, припадници на видот, кој бил наречен хомо флоресиенсис, можеби и денес живеат во шумите на островот.

Коските биле откриени од страна на антропологот Мајк Морвуд во 2004 година. Се претпоставувало дека видот бил изумрен, но според Форт, локално племе на островот раскажало за средби со необично суштество кое може да биде од споменатиот вид. Форт во својата книга објаснува дека над 30 жители со кои зборувал директно виделе такви суштества.

- И заклучувам дека најдобриот начин да се објасни тоа што ми го кажаа е дека хоминин кој не е сапиенс преживеал на Флорес до денес или до многу скоро време - напишал Форт.

Тој им порачува на палеонтолозите и другите научници да ги продолжат истражувањата за еволуцијата на луѓето и блиските суштества во Индонезија и на други места.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука