X
 21.05.2019 Живот

Кучето што ги чува последните два бели носорози во светот

Кучето Драм ги поминува своите денови чувајќи ги и бранејќи ги последните два северни бели носорози во светот.

Драм бил избран да ја преземе оваа важна улога кога имал само осум недели, а сега, на 11-месечна возраст, е испратен во Кенија за да ги чува овие два носорози.

Англискиот спринер шпаниел од Норфолк, Велика Британија, е одговорен за откривање какво било оружје и муниција што би можеле да бидат шверцувани во резерватот за диви животни „Ол Пејета“ во областа Лаикипија.

Последните два бели носорози се мајка и ќерка, Најин, која има 30 години, и Фату, која има 19 години. Тие деноноќно се чувани со огради и чувари. Последниот машки носорог од овој вид почина минатата година, но истражувачите од Универзитетот „Оксфорд“ се обидуваат да го спасат видот користејќи третман со ИВФ.

1
Фото: BBC Newsround


Во меѓувреме, Драм ќе има витална улога во одбраната на Најин и Фату од ловокрадците, кои го истребија речиси целиот вид. Дресерот за кучиња Дерил Плезантс го опишува Драм како совршен за оваа улога.

- Самиот го избрав од легло кога имаше осум недели. Оваа раса обично се користи за пребарување возила, а за тоа е потребно куче со многу високо ниво на енергија. Драм беше бучно, дебело мало момче кое секогаш правеше нешто. Постојано се движеше, па токму затоа е совршен за работата со оглед на тоа што станува збор за активна улога - вели Дерил.

- Тој беше специјално обучен за оваа улога. Пријателски е расположен и сите го сакаат. Ми недостига, но знам дека ќе ужива во 93.000 хектари каде што може да трча - додава тој.

3
Фото: BBC Newsround

Но, Драм ќе има и други мисии и улоги. Тој ќе биде распореден на влезните точки да ги пребарува возилата и да помага при други важни мисии.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот