X
 21.05.2024 Живот

Типови анемија и симптоми

Анемијата е дефинирана како ниска концентрација на хемоглобин поради намалена еритроцитна клеточна маса. Ако ниските концентрации на хемоглобин се должат на зголемен плазма волумен, како во бременост, анемијата се смета за физиолошка. Низок Hb < 13,5 gr/dl за мажи и < 11,5 gr/dl за жени. Анемијата може да настане поради редуцирана продукција или зголемена загуба на еритроцити и може да има многу причини. Причината за анемијата ќе биде дефинирана од синтеза на анамнезата, клиничкиот преглед и инспекцијата на крвна размаска.

Симптоми. Поради други причини или поради самата анемија: замор, диспнеа, палпитации, главоболка, тинитус, анорексија, диспепсија, цревни нарушувања и ангина ако има претходна коронарна артериска болест. Пациентите кај кои анемијата се развила рапидно се посимптоматски од оние кај кои анемијата се развила бавно, во чиј случај има време за физиолошки компензации пред да започне анемијата.

Знаци. Бледило, и ретинална хеморагија. Во тешка анемија Hb<8 gr/dl постојат знаци за хипердинамична циркулација, со тахикардија, систолен ејекционен мурмур и срцево зголемување. Подоцна може да настане срцева слабост и во оваа состојба брза крвна трансфузија може да е фатална.

Типови анемија. Првиот чекор во дијагнозата е да се види среден клеточен волумен (MCV), MCV нормален е 80 до 100 Fl, и дистрибуцијата на големината на еритроцитите RDW, мерка за варијабилноста на еритроцитната големина.

Низок MCV (микрицитна)

-Феридефицитна анемија
-Инфламаторна анемија
-Таласемија
-Сидеробласна анемија

Нормален MCV (нормоцитна анемија)

-Анемија при хронична болест
-Инсуфициенција на коскена срцевина
-Ренална слабост
-Хипотироидизам
-Хемолиза
-Бременост

Висок MCV (макроцитна анемија)

-Бременост: Б12 или фолатен дефицит
-Бременост: Алкохол
-Бременост: Хепатална болест
-Бременост: Ретикулоцитоза
-Бременост: Миелодиспластични синдроми
-Бременост: Состојба на инсуфициенција на коскена срцевина
-Бременост: Антифолатни лекови
-Бременост: Хипотироидизам

Хемолитични анемии:
Не спаѓаат уредно во горната класификација бидејќи анемијата може да е нормохромна или ако процентот на ретикулоцити е многу висок, може да е макроцитна.

Крвна трансфузија: Треба да се одбегнува освен ако хемоглобинот е опасно низок. Одлуката зависи од тежината, причината и од основното заболување на пациентот.


Автор: д-р Анета Минова

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот