X
 04.12.2021 Живот

Магнезиум - извонреден минерал

Магнезиумот е осмиот најраспространет елемент од кој се состои Земјината кора (околу 2%) по тежина и е третиот најброен елемент кој е растворен во морската вода. Слободниот елемент не се наоѓа во природата. Магнезиумовиот јон е есенцијален за градбата на нуклеинските киселини, а со тоа и за сите клетки на сите живи организми. Многу ензими не можат да дејствуваат без присуство на магнезиум јоните при катализата, особено оние што се користат за синтеза на АТП или тие што користат други нуклеотиди за синтеза на ДНК или РНК.

Зошто ни е потребен магнезиум?

Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира. Денес научниците веруваат дека магнезиумот помага во превенцијата и лекувањето на многу болести, како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија, ХИВ/сида, мултиплекс склероза, ПМС и лупус. Магнезиумовата дефициенција (недостаток) - слабост или грчеви во мускулите; аритмија или забрзано отчукување на срцето; главоболка; висок крвен притисок; покачување на телесната тежина; депресија; мачнина; недостиг на апетит. Недостигот на магнезиум може да се утврди преку анализа на крвта. Неконтролираното консумирање магнезиум под формата на апчиња или како додаток во исхраната може да доведе до предозирање. При предозирање со магнезиум симптомите се: дијареја, премаленост и поспаност. За да ги избегнете тие непријатности, не употребувајте магнезиум надвор од вашата исхрана, освен ако тоа не ви е препишано од доктор.


Д-р Ирена Солтировска
Препорачани дневни потреби

Препорачаните дневни потреби за магнезиум се:
• Новородени (0-6 месеци) – 30 mg
• Новородени (7-12 месеци) – 75 mg
• Деца (1-3 години) – 80 mg
• Деца (4-8 години) – 130 mg
• Тинејџери (14-18 години) – 360 до 410 mg
• Мажи (19-30 години) – 400 mg
• Мажи (31 година и нагоре) – 420 mg
• Жени (19-30 години) – 310 mg
• Жени (31 година и нагоре) – 320 mg
• Бремени жени (19 години и нагоре) – 350 до 360 mg
• Доилки (19 години и нагоре) – 310 до 320 mg
Храна богата со магнезиум
• Спанаќ, блитва, семки од тиква, јогурт или кефир, бадеми, авокадо, црн грав, смокви, темно чоколадо.


Автор: д-р Ирена Солтировска, доктор на медицина
ПЗУ Санитас-С

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот