X
 21.06.2018 Живот

На што се должи успехот на најмладиот милијардер во светот?

Џон Колисон е најмладиот милијардер во светот кој сам го стекнал богатството. Овој 27-годишен претприемач и неговиот брат Патрик се коосновачите на „Страјп“, компанија за плаќање, чија вредност се проценува на 9,2 милијарди долари.

Според Џон, изградбата на успешна компанија бара повеќе од вештини, интелигенција, па дури и среќа. Тој вели дека е потребна напорна работа од многу луѓе.

Браќата Колисон неодамна ја споделија нивната приказна како ја основале и продале првата компанија пред да наполнат 20 години и како потоа ја основале „Страјп“. Кога беше прашан колкав дел од успехот на компанијата го припишува на вештините и интелигенцијата, а колку на среќата, Џон даде интересен одговор.

- Мислам дека прашањето е помалку за тоа колку може да се припише на мојата вештина и интелигенција, туку на вештините и интелигенцијата на стотиците луѓе што ја донесоа компанијата таму каде што е. Претпоставувам би рекол дека вештините и интелигенцијата и особено, најважно, интензивното залагање и напорната работа - мислам дека сите тие нешта се неопходни - истакна тој.

Според него, ако не било сето тоа, компанијата немало да биде толку успешна.

- Мислам дека ако не беа тие, ако не беа сите тие луѓе на кои им текнуваа многу паметни начини на правење на нештата и кои напорно работеа, немаше шанси да бидеме тука. Но, мислам дека беше потребна и среќа. Има луѓе што се попаметни и кои понапорно работат од нас, но немаат толку среќа - вели Џон.

Според „Форбс“, Колисон вреди најмалку една милијарда долари, што го прави најмладиот милијардер кој сам го стекнал богатството. Џон е роден и бил одгледан во близина на Лимерик, Ирска, каде што неговите родители имале хотел. Двајцата браќа се запишале на универзитети во Бостон, Патрик на МИТ, Џон на „Харвард“, и идејата за нивната прва компанија „Ауктоматик“ ја смислиле во локален паб. Браќата решиле да ги напуштат факултетите и се преселиле во заливската област на Сан Франциско. Во 2008 година ја продале „Ауктоматик“ за пет милиони долари.

Патрик и Џон Колисон
Фото: Business Insider

Џон вели дека „Страјп“ била основана бидејќи функционирала како најинтересната идеја на која наишле додека работеле на „Ауктоматик“. Тој додава дека најтешкото нешто при развивањето интернет-бизнис е воведувањето на плаќањата, а „Страјп“ е токму за тоа.

Сега „Страјп“ оперира со десетици милијарди долари во интернет-плаќања секоја година и прави пари преку наплаќање мали суми на бизнисите за секоја трансакција.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот