Автобуска компанија планира да воведе автобуси што ќе го „цицаат“ загадениот воздух во британскиот град Саутхемптон. Компанијата ги објави своите планови за проширување на флотата автобуси со нови автобуси опремени со филтри за воздух, по тестирањето што траело 100 дена. Во текот на тестирањето автобусите патувале 15.000 километри притоа чистејќи го воздухот.
Саутхемптон бил избран како локација за тестирањето по извештајот на Светската здравствена организација од 2018 година, кој предупреди дека градот е на граница на небезбедно загадување. Сега, компанијата планира да инсталира филтри на сите пет автобуси „блустар“ што патуваат на „Рута 7“ - пат долг 11 километри што поминува низ цел град, а се надева дека автобусите ќе станат дел и од другите градови низ Велика Британија, вклучувајќи ги Манчестер, Оксфорд, Брајтон и Хоув, Њукасл, Норвич, Дурам и делови од Сасекс и Кент.
Фото: Go Ahead
- Веќе знаеме дека целосно натоварен двокатен автобус може да намали 75 автомобили од патиштата, намалувајќи ги застојот и загадувањето. Податоците ни покажуваат дека автобусите со филтер може активно да го подобрат квалитетот на воздухот.
Ако 2.500 автобуси се опремени со филтри за чистење, би можеле да се отстранат 588 килограми
честички од воздухот на годишно ниво.