X
 21.07.2017 Наука

За вашата несоница, виновни се предците

Несоницата на многумина им претставува проблем со кој секојдневно се соочуваат. Но, често, неконсумирањето кофеин или други трикови не помагаат.

Симптомите на несоница вклучуваат:

- Тешкотии при заспивање
- Лежење будни долг период во ноќта
- Будење неколку пати во ноќта
- Будење рано наутро без способност да се вратите на спиење
- Спиење кое не ве одмора
- Тешкотии да дремнувате во текот на денот и покрај тоа што сте уморни
- Чувство на умор и иритабилност во текот на денот и тешкотии да се концентрирате.

Една нова студија на Универзитетот во Јужна Каролина открива дека можеби се работи за инстинкт за преживување.

Модерните ловци-собирачи од племето Ханџа во Танзанија биле набљудувани три недели. Истражувачите забележале дека еден член од племето секогаш останува буден ноќта.

Во текот на тринеделното набљудување имало само 18 минути кога сите 33 члена на племето спиеле истовремено.

Еден од авторите на студијата, професорот Чарли Нан, изјавил:

„Многу постари луѓе одат на лекар и се жалат дека се будат рано и не можат да се вратат на спиење. Но, можеби нема ништо што не е во ред кај нив. Можеби некои од медицинските проблеми што ги имаме не мора да бидат објаснети како нарушувања, туку како остаток од еволутивното минато во кое од нив имало и корист“.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука