X
 16.04.2022 Живот

Најдобриот рецепт за добар сон е тивка, мрачна и студена соба

Студиите покажаа дека топлото опкружување може да ѝ пречи на циркадијалната регулација на температурата спречувајќи телото да го снижи внатрешниот термостат, што доведува до лош сон.

Тивката, мрачна и студена соба, без присуство на топол и сув воздух е најдобар рецепт за квалитетен ноќен сон. Експертите се сложни дека секогаш е подобро да се спие во нешто постудена соба, а дека температурата треба да биде меѓу 15 и 20 степени.

Телесната температура природно опаѓа кога се подготвуваме за сон, затоа се смета дека околу 18 степени Целзиусови е идеалната температура на која најлесно можете да потонете во сон.

Како се регулира внатрешниот термостат?

Пониската температура во собата му помага на телото да ја намали температурата и подобро да се подготви за спиење. Секако, секогаш има исклучоци и некому можеби идеалната температура ќе му биде повисока. Голем број експерти, сепак, веруваат дека пониската температура гарантира поквалитетен сон.

Сè се поврзува и со биолошкиот часовник на телото, циркадијалниот ритам. Тоа е биолошки процес што се повторуда секој ден и го регулира падот на телесната температура пред спиење, па потоа и нејзиниот раст кога ќе се разбудиме. Студиите покажаа дека топлата околина може да ѝ пречи на циркадијалната регулација на температурата, спречувајќи го телото да го намали својот внатрешен термостат, што доведува до лош сон.



Температурата и РЕМ фазата на сонот

Ова не значи дека треба да се тресете од студ додека да заспиете. Експертите советуваат да се покриете со ќебе кое лесно ќе можете да го отстраните во текот на ноќта.

Се смета дека претоплата, но и претерано студената соба, можат негативно да влијаат врз квалитетот на длабоката РЕМ (брзо движење на очите) фаза на сонот, во која мозочните активности се најинтензивни.

Научниците објаснуваат дека температурата на телото природно се снижува кога спиеме. Нормално е некогаш да ни е студено ако се разбудиме во текот на ноќта, па дури и во текот на летото. Едноставно, ако се спие во постудена просторија, температурата на телото побрзо ќе се снижи и полесно ќе заспиеме.

Околу 10% од луѓето патат од хронична несоница

Според некои истражувања, околу десет отсто од луѓето патат од хронична несоница. Дури речиси 40 отсто од жените и 30 отсто од мажите имаат повремени проблеми со спиењето.

Лицата кои се жалат на несоница имаат проблеми да заспијат. Често е будењето по повеќе пати во текот на ноќта, а се случува и прерано будење наутро, по што лицето не може повторно да заспие.

Извор: eklinika
Фотографии: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот