Голем број луѓе се шокирани од издигнувањето на Доналд Трамп и истовремено, многу луѓе се воодушевени од неговата способност толку брзо да стекне моќ. Поддршката на Трамп и Клинтон е поделена речиси еднакво кај електоратот според анкетите во јули 2016 година. Кои се всушност луѓето кои стојат позади успехот на Трамп?
Во текот на прелиминарната сезона, Истражувачкиот центар Пју редовно ги анкетирала гласачите, Републиканците и Демократите и создал серија на извештаи за демографските трендови меѓу поддржувачите на одредени кандидати како и на вредностите, верувањата и стравовите кои управуваат со нивните политички одлуки. Во продолжение следува подлабока анализа на луѓето кои стојат позади популарноста на Трамп.
Повеќе мажи отколку жени
Трамп е повеќе популарен помеѓу мажите отколку помеѓу жените. Истражувачкиот центар во јануари 2016 година откри дека мажите помеѓу Републикацните имаат поголема доверба во Трамп отколку жените, а резултатите покажале дека мажите повеќе го поддржуваат од жените.
Сега, кога Трамп и Клинтон се двајцата официјални претседателски кандидати, уште појасна е поддршката на мажите за Трамп - само 35% од жените гласачи би се одлучиле за него.
Повеќе стари отколку млади
Во текот на неговата камапњата, популарноста на
Трамп повеќе растеше помеѓу постарите гласачи. Истражувачкиот центар во јануари 2016 година откри дека рејтингот на Трамп меѓу републиканските гласачи бил највисок кај 40 годишните гласачи и постари гласачи, и овој тренд продолжил како што се' поголем број гласачи му давале поддршка во март 2016 година. 45% од Републиканците на возраст од 18 до 29 години не го поддржуваат Трамп, 49% на возраст од 30 до 49 години имаат „потопли“ чувства кон него. Процентот се зголемува и изнесува околу 60 кај оние на возраст од 50 до 64 години и 56% кај оние над 65 години.
Во споредба со Клинтон, Трамп добива само 30% од гласовите на гласачите од 18 до 29 години. Трамп добива предност кај гласачите над 65 години.
Понизок степен и повисок степен на образование
Популарноста на Трамп е повисока кај оние со понизок степен на образование. Во истражувањето на Пју, рејтингот на Трамп бил највисок кај оние кои немале факултетска диплома, а трендот останал доследен кога Пју ги анкетирал републиканските гласачи повторно во март 2016 година и открил дека неговата популарност била највисока кај луѓето чие највисоко образование било средното училиште.
Клинтон пак е далеку повеќе популарна помеѓу гласачите кои имаат повисоко ниво на образование
Пониски приходи и повисоки приходи
Трамп е доста популарен помеѓу гласачите со пониски приходи отколку кај оние со повисоки приходи, односно неговата популарност била најголема помеѓу домаќинствата кои имале под 30.000 долари приходи на годишно ниво. Со тоа Трамп е во поголема предност од Клинтон бидејќи во Америка бројот на граѓани кои живеат со ова или слично ниво на приходи е доста поголем.
Популарноста помеѓу расите
Пју открива дека во јуни 2016 година, анкетата спроведена на Републиканците и Демократите открива дека Трамп го поддржуваат повеќе белите луѓе. Доста ниска поддршка има меѓу Афро-американците со само 7%, а е повеќе популарен помеѓу шпанските гласачи - околу четвртина од нив го поддржуваат.
Атеисти и евангелисти
Кога Пју ги анкетира републиканските гласачи во март 2016 година откри дека популарноста на Трамп е најголема меѓу оние кои не се религиозни и меѓу оние кои се религиозни меѓутоа не присуствуваат редовно на богослужбите. Трамп е особено популарен помеѓу евнагелиските христијани кои веруваат дека тој ќе работи многу подобро од Клинтон во врска со секој проблем.
Луѓето против расна разновидност, имиграција и муслиманите
Во споредба со оние кои ги поддржаа другите републикански кандидати за време на прелиминарните избори, постои поголема веројатност поддржувачите на Трамп да веруваат дека е потребна поголема контрола врз муслиманите кои живеат во Америка со што земјата би била побезбедна. Пју истражувањето спроведено во март 2016 година открива дека поддржувачите на Трамп веруваат дека муслиманите треба да бидат подложени на поголема контрола од другите религиозни групи како метод за спречување на тероризмот, а исламот како религија има поголема веројатност да поттикне насилство.
Овие гласачи имаат силни и конзистентни антиимигрански чувства.
Веруваат дека Трамп ќе ја подобри Америка
Поддржувачите на Трамп имаат високи очекувања за нивниот кандидат. Анкетата спроведена од Пју открива дека поголемиот дел од неговите поддржувачи веруваат дека Трамп ќе ја подобри ситуацијата со имиграцијата. Исто така, големо мнозинство верува дека Трамп ќе ја подобри безбедноста од тероризмот како и економијата.
На никој од неговите поддржувачи не му се допаѓа
Помалку од половина од поддржувачите на Трамп му припишуваат позитивни особини. Многу малку луѓе сметаа дека е добро информиран или вреден за восхит. Мал број очекуваат дека тој е подготвен да соработува со оние што не се согласуваат со него, дека може да ја обедини земјата и дека е искрен. Сепак чувствуваат дека ќе ги одржи ветувањата и дека е екстремен.
Поголемата слика
Според фактите од серијата истражувања спроведени од еден од најпочитуваните центри за истражување на јавното мислење во Америка, може да се открие јасна слика за поддржувачите на Трамп. Тие претежно се постари мажи, белци, со пониско ниво на образование и приходи. Тие сметаат дека имигрантите ќе ја повредат нивната моќ на заработка и тие сакаат во Америка мнозинството да бидат белците.