Во Дубаи е отворен хотелот „Адрес бич резорт“, кој го има највисокиот безграничен базен во светот. Тој се наоѓа на височина од речиси 294 метри и е највисок безграничен базен во зграда. Доколку не може да ја замислите оваа височина, тоа е малку пониско од Ајфеловата кула во Париз.
Базенот е долг 94,84 метри, а широк 16,5 метри, односно речиси двојно подолг од еден олимписки базен. Базенот може да се користи само од страна на гостите во хотелот, а мора да имате над 21 година за да имате пристап.
Меѓутоа, секој може да го види базенот од ресторанот што се наоѓа веднаш до него. Базенот и ресторанот се наоѓаат на 77. кат во зградата.
Хотелот е фасцинантен и без базенот бидејќи е сместен во две згради кои се поврзани долу, но и на 63. и 77. кат. Зградата била отворена во декември минатата година.
Автор: Морин Охер
Извор:
cnn.com