X
 21.08.2019 Живот

САД ѝ вратија на Боливија мумија од времето на Инките

САД ѝ вратија на Боливија 500 години стара мумија на девојче од времето на древните Инки, по 129 години откако му беше подарена на Музејот при Државниот универзитет во Мичиген.

Мумијата е позната како Нуста, што на домородниот јазик значи „принцеза“. Пронајдокот е значаен затоа што е во доста добра зачувана состојба. Црната коса на девојчето изгледа како да е тукушто исплетена во плетенки, а во рацете држи ситно перце.

Стручните лица истакнуваат дека мумијата потекнува од подрачјето на Андите, блиску до главниот град на Боливија – Ла Паз, и дека девојчето живеело во последните години од цивилизацијата на Инките.

Истражувањата открија дека гробницата потекнува од втората половина на 15 век, што потврдува дека овој народ практикувал вакви гробници и пред доаѓањето на шпанските конквистадори.

Извор: МИА
Фото: AP/ National Museum of Archaeology in La Paz, Bolivia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот