Новостите за вакцините против Ковид-19 ги чека целиот свет. Се чини дека секој ден има некаков напредок кога станува збор за создавање на вакцината и нејзина дистрибуција.
Со оваа вест доаѓаат многу прашања и за поголемите општествени импликации околу вакцината. А тука некаде се наоѓа и патувањето.
Неодамна австралиската авиокомпанија „Кантас“ објави дека од патниците ќе се бара да се вакцинираат против Ковид-19 доколку сакаат да летаат.
Од
компанијата велат дека внимателно ја разгледуваат оваа можност, а извршниот директор Алан Џојс вели дека откако вакцината ќе биде широко распространета, „Кантас“ ќе смисли механизам за да им обезбеди на патниците да се качат на кој било лет.
За да го реализира овој механизам, Џојс ја покренал идејата за пасош за вакцини. Не е воопшто изненадување што оваа вест доаѓа од австралиска авиокомпанија, со оглед на тоа што земјата имаше едни од најрестриктивните карантини и гранични правила поврзани со пандемијата. Во земјата имаше сериозно ограничено движење и во рамките на нејзините граници, како и правила за тоа кој може да влезе во земјата. Се чини дека „Кантас“ го следи овој пример со вестите за вакцините.
Доколку мислите дека авиокомпаниите се единствени што сакаат да видат доказ за вакцина за Ковид-19 кај своите клиенти, се лажете. „Тикетмастер“ неодамна објави дека ќе го проверува статусот на вакцина меѓу посетителите на концертите во блиска иднина. Имајќи предвид дека авиокомпаниите и концертите се места каде што луѓето се собираат во помал простор подолго време, нормално е тие да воведуваат вакви правила.
Голем број различни компании сега се во трка да произведат вакцина и широко да ја дистрибуираат. Како што влегуваме во зимските месеци, спринтот кон широко распространето производство на вакцини е во голема брзина.
Оваа најнова вест од „Кантас“ е само врвот на ледениот брег кога станува збор за тоа како компаниите ќе бараат и ќе ја следат употребата на вакцините кај своите клиенти. И додека ова создавање на правила околу новиот светски поредок нема да забави наскоро, може да се забележи и значителна реакција од различни заедници кои ја доведуваат во прашање личната слобода околу медицинско прашање како што е ова. Во игра се поголеми општествени импликации.
Фото: Freepik