X
 21.09.2022 Живот

Општините се одговорни за загревање на училиштата, вели портпарол на Влада

Во интерес на учениците е настава со физичко присуство, нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, вели портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на дел од општините за продолжување на зимскиот распуст на учениците заради штедење струја и огрев и колку се оправдани барањата дел од трошоците и субвенциите да ги покрива Владата, Арсовски рече дека на вчерашната седница на Владата немало дискусија за тоа.

- На последната седница на Владата немаше дискусија во однос на ова прашање. Владата останува посветена на надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза и е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука - рече Арсовски, дополнувајќи дека нема промена во начинот на реализација на наставата со физичко присуство во основните и во средните училишта.

Организирањето на трошоците за загревање на училиштата, дополни тој, е во рамките на надлежностите на општините, односно на локалната самоуправа, и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините. Така што, важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата, рече Арсовски.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот