29.09.2020
Живот
Владата дозволи отворање на игротеките и дневен престој во училиштата
Владата врз основа на заклучоците и препораките на Комисијата за заразни болести oдобри организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.
Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија со КОВИД-19.
На предлог на Комисијата, Владата го усвои предложениот протокол и препорача отпочнување со организација за снимање со долгометражни филмови, со почитување на мерките за спречување на ширење на Ковид-19 инфекција.
На денешната седница е усвоен и протоколот за работа на игротеките во услови на епидемија со Ковид-19 и препорача строго почитување на мерките за спречување на ширење на Ковид-19 инфекцијата и усвоениот протокол при вршење на дејноста. Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот е обврска на вршителите на дејноста.