X
 21.09.2023 Живот

ДЗС: Просечната нето-плата во јули изнесува 36.286 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2023 година, во споредба со јули 2022 година, изнесува 114,1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (19,5 %), образование (17,2 %) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,8 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење на камен (7,9 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (5,3 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2023 година изнесува 36.286 денари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот