X
 21.11.2018 Живот

Работи што никогаш не смеете да му ги кажете на наставник

Наставниците слушаат прилично луди работи речиси секој ден. Еве неколку реченици што во никој случај не би сакале да ги слушнат повторно.

1. Моето дете вака никогаш не реагира дома


На родителски состаноци оваа реченица е премногу честа. Всушност, наставниците многу често ги повикуваат родителите за да разговараат за однесувањето на нивното дете, а родителите најчесто глумат дека се шокирани. Но, всушност, родителите треба да признаат и да почнат да работат заедно со наставникот за да го изведат детето на правилниот пат.

2. Сигурно ви е убаво што целото лето ви е слободно

Секој наставник го слушнал ова стотици пати, но голем дел од луѓето не знаат дека наставниците имаат работа и во текот на летото, подготвувајќи извештаи, програми и други работи поврзани со училиштето.

deca

3. Ако јас бев во училницата, ќе...

Не е ни важно како ќе ја завршите реченицата. Луѓето, особено оние што никогаш немале можност да бидат наставници, обожаваат да кажуваат како тие би се справиле со одредени ситуации во училницата. Секако, во совршен свет би функционирал нивниот план, со еден ученик. Но, кога имате 20 немирни ученици, тогаш работите стануваат покомплицирани.

4. Ние политичарите одлучивме дека...

Многу пати наставниците се чувствуваат како да се оставени на милост и немилост на политичарите. Донесени се толку многу закони и политики во врска со образованието од страна на политичарите, кои никогаш, ниту еден ден не биле наставници. Некои од нив не стапнале во училница од денот кога биле студенти.

5. Работите со деца, така што практично сте дадилка!

Ако сакате да изнервирате еден наставник, тогаш ова е реченицата што треба да му ја кажете. Сигурно дека дадилките не пишуваат дневни подготовки за часовите, глобални планови, не смислуваат активности соодветни на наставната програма и други работи.

6. Моето дете не лаже


Навистина? Не дека сите деца лажат, но ако наставникот ви кажува дека вашето дете кажало нешто невистинито во училницата, а вие не верувате, тогаш запрашајте се зошто наставниците би лажеле?

7. Давате премногу домашни задачи


Родителите и децата често се жалат на обемот на домашните задачи. Наставниците не се обидуваат да им го направат животот непријатен на децата, тие се обидуваат да го поттикнат учењето. За да го направат тоа, домашната задача е неопходна.

8. Не треба да ви е важна платата ако навистина си ги сакате учениците


Исто како и која било друга професија, и на наставниците им е дозволено да побараат повисока плата и тоа во никој случај не значи дека не ги сакаат своите ученици.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот