X
 21.11.2022 Наука

Земјата тежи 6 ронаграма. Изгласани се нови префикси за мерните единици

Запознајте се со ронаграмовите и кветаметрите. Група научници од повеќе места низ светот се собрале во Франција и гласале за нови ознаки за мерни единици за најголемите и најмалите броеви. Ова се прави првпат во повеќе од три децении.

Рона и квета се нови префикси кои ги означуваат најголемите броеви, додека ронто и квекто ќе ги означуваат најмалите мерки. Од создавањето на Меѓународниот систем на мерни единици во 1960 година, се јавило потреба за сè повеќе префикси на мерните единици.

Последното додавање на префикси било во 1991 година, кога биле воведени зета и јота. Според научниците, овие префикси наскоро нема да бидат доволни за да се изразат најголемите броеви.

Ричард Браун, директор по метрологија во националната лабораторија за физика на Обединетото Кралство, објаснил дека новите префикси ќе го поедностават начинот на кој се зборува за некои големи работи.

- Доколку мислиме на маса, наместо на дистанца, Земјата тежи околу 6 ронаграма - открил Браун.

Доколку се изрази нумерички, по 6 би следувале 27 нули за да се напише тежината на Земјата во грамови. Јупитер тежи 2 кветаграма, што би имало 30 нули доколку се напише нумерички.

Според научниците, новите префикси би требало да бидат доволни за потребите на светот во следните 20-25 години.

Извор: Phys
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука