За само 15 години Американците го промениле својот изглед и сега се пониски и подебели, иако САД со години се борат против дебелината, посочува ново истражување на Американската санитарна служба.
Студијата го опфаќа периодот од 1999 до 2016 година и укажува дека сега Американците просечно тежат 89,9 килограми, а Американките - 77 килограми. Пред 20-ина години просечната тежина кај мажите во САД изнесувала 86, а кај жените 74 килограми. Истражувањето опфатило 47.000 Американци постари од 20 години.
Што се однесува до висината, денес таа кај Американецот е 175,4 сантиметри (наспроти 175,6 сантиметри во 1999), а кај Американките - 162,1 сантиметри (наспроти 161,7 сантиметр во 1999).
Извор: МИА