Учениците од Интернационалното француско училиште ЕФИС од Скопје вчера ја изведоа претставата „Не сакам да одам на училиште“ во киното „Фросина“ и добија бурни аплаузи од публиката. Претставата „Ça va pas non? Non, non et non!“ е адаптација на приказните од Стефани Блак и „Non non et non!“ од Миреј Д’Алансе.
Претставата е спој на песни, театар и танц, а родителите дојдоа во голем број за да им аплаудираат на своите деца.
На изведбата присуствуваше и францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, како и Емануел Рембер, советник за култура и соработка и директор на Францускиот институт во Скопје.