„Жица, жици, рамка!“ е темата на настанот што и годинава го организира Француското интернационално училиште ЕФИС од Скопје.
На 18 октомври (четврток) во текот на целиот ден ќе се случува „Големото простирање“ („La Grande Lessive“), меѓународен уметнички настан кој ги опфаќа сите француски училишта во светот.
Секој може да остави свое уметничко дело, само е важно да биде направено на лист А4 формат.