X
 18.10.2017 Образование

„Големо простирање“ детски уметнички дела во Француското интернационално училиште во Скопје

Во дворот на Француското интернационално училиште во Скопје (EFIS) утре во текот на целиот ден ќе се случува изложба на детски цртежи на отворено. Познат како „Големо простирање“ (La Grande Lessive), тоа е уметнички настан што се одржува два пати годишно во сите француски училишта во Франција и во странство. Првпат ќе се одржи во Скопје, а темата ќе биде „Мојот живот гледан одовде и од друго место...“


Принципот е едноставен: еден ден „простирање“ уметнички дела во врска со зададена тема. Така, децата, родителите, професорите и други личности тој ден, доаѓајќи на училиште, би можеле да го закачат своето оригинално дело на лист - формат А4. Цртежите, сликите, колажите и други медиуми ќе бидат закачени на жица со штипки и ќе бидат истакнати во рамките на училиштето. Делата ќе бидат откачени на крајот од денот, кога нашите „алишта“ ќе бидат исушени – велат од училиштето. Настанот е од отворен карактер и може да го посетат и деца и родители што не посетуваат настава во Француското интернационално училиште.
- За да можеме да го оживееме овој настан, ги покануваме сите родители, деца, професори и други мотивирани личности да дојдат и да го „закачат“ своето дело.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование