Во убава и пријатна атмосфера учениците од Француското Интернационално Училиште во City Hall ја адаптираа приказната „Груфало‘‘ од познатиот детски автор Џулија Доналдсон во музичка театарска претстава.
Преку танц и песни, педагошката екипа на ЕФИС и учениците од француската градинка и француското училиште им ја честитаа Новата Година на родителите и на сите присутни со оваа преубава претстава.
Со оваа претстава учениците од ЕФИС испратија порака дека читањето книги од најмали нозе отвора нови страници кон иднината.