X
 24.01.2015 Наука

Првиот соларен кружен лет околу светот ќе трае 5 месеци

Тимот што се подготвува за првиот соларен кружен лет околу светот ја објави рутата според која планираат да се движат, со што ќе донесе врвна авијација во градовите од Мускат, Оман до Њујорк.

 

let


Швајцарските ко-основачи и пилоти на „Solar Impulse 2“, Бертранд Пикард и Андре Боршберг, на едно случување во Абу Даби изјавија дека тие планираат да го започнат летот од Абу Даби, од крајот на февруари или почетокот на март. Од таму, тие ќе направат 12 застанувања по рута со должина од 35.000 километри.

Ќе има застанувања во Мускат, Оман; Ахмедабад и Варанаси, Индија; Манделеј, Мјанмар; Чонкинг и Нанџинг, Кина; Хаваи, Феникс, и уште еден среднозападен град кој ќе се утврди според климата и Њујорк, Америка; како и застанување во Јужна Европа и Северна Африка.

Тимот на „The Solar impulse“ со години работи за да ги докаже можностите за лет без фосилни горива. „The solar impulse 2“ за прв пат леташе во јуни, а веќе постави 8 светски рекорди, вклучувајќи го и првото соларно ноќно летање и првото летање меѓу два континенти.

Многу поамбициозното патување се очекува да трае повеќе од 5 месеци, или вкупно 25 летечки денови. Авионот ќе патува со брзина од 50 и 100 километри на час.

„Со нашиот обид да го извршиме првиот соларен кружен лет околу светот, ние сакаме да покажеме дека чистата технологија и обновливите извори на енергија можат да го постигнат невозможното“, вели Пикард.

Пикарди изјави дека доколку нешто тргне наопаку за време на летото, тимот ќе изгради уште еден авион со цел патувањето да се продолжи.

Додека тие ќе бидат на локациите на кои планираат да застанат, велат дека ќе се сретнат со локалната индустрија и студенти, и ќе организираат посети за луѓето да го видат авионот, како и ќе одржуваат „Google Hangouts“ за да ја промовираат мисијата.

„Се надеваме дека со нашиот лет ќе поттикнеме интерес за чистата енергија меѓу младите, индустриските професионалци и владините претставници кои спроведуваат амбициозни политики на енергијата“, вели еден член на тимот.

Компаниите кои се вклучени во летот се „Solvay“, „Omega“, „Schindler“, „ABB“, „Altran“, „Bayer“, „Google“, „Маsdar“, „Swiss Re Corporate Solutions“, „Swisscom“ и „Moët Hennessy“.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука