Поранешната авиокомпанија на Југославија - „ЈАТ ервејс“ во своите златни денови беше синоним за богатство и гламур, а многумина беа изненадени од она што го поседувал еден авион тогаш.
Имено, се појави стара фотографија од внатрешноста на авион на ЈАТ на која се гледа како патниците ги разгледуваат производите од „Народна Радиност“, која беше пoзната продавница низ светот.
Фотографијата стана хит, а луѓето ја коментираа необичната глетка.
- Поголема удобност, поудобни седишта и подобра услуга од денес. Преубава фотографија - пишуваат интернет-корисниците.
Инаку, југословенската авиокомпанија беше првата во Европа што купи „боинг 737“ и превезуваше повеќе од 5 милиони патници годишно. Стјуардесите на ЈАТ освоија многу награди за најелегантно облечени стјуардеси на модните настани во Париз, а и нивните реклами беа тотален хит.
Фото:
Instagram