Неколку
цитати на познатиот германски филозоф Артур Шопенхауер:
- Богатството е налик морска вода, што повеќе ја пиеме, толку нашата жед се зголемува.
- Будалата трча по задоволствата во животот и сфаќа дека е измамена. Мудриот ги избегнува неволјите.
- Честа е, објективно гледано, мислењето на другите за нас, а субјективно, нашиот страв од тоа мислење.
- На човекот кој е на повисоко интелектуално ниво од другите самотијата му пружа двојна корист: прво, што е сам, а второ, што не е со другите.
- Човекот полн со дух и во потполна самотија се забавува со своите мисли.
- За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена.
- Ако човештвото беше отсекогаш разумно, историјата не би била долга хронологија на глупости и злосторства.
- Дивјаците взаемно се јадат, а питомите взаемно се измамуваат.
- Дружељубивоста спаѓа во најопасната, можеби и убиствена сколоност, бидејќи не доведува во допир со луѓето од кои поголемиот дел се морално 'рѓосани, а интелектуално тапи или перверзни.
Фото:Screenshot/YouTube
- Изворот на нашата среќа е во субјективните особини : благородниот карактер, духот, ведриот ум и здравото тело.
- Како што е љубовта спрема животот само страв од смртта, така и дружељубивоста на луѓето всушност не е директна : таа, имено, не се заснова на љубов спрема друштво туку на стравот од самотијата.
- Љубомората секогаш се раѓа со љубовта, но не секогаш умира со неа.
- Луѓето во друштво ги тера внатрешната празнина и досада. Ако почувствуваат дека ни се потребни, тогаш луѓето стануваат арогантни.
- Луѓето илјада пати повеќе се обидуваат да стекнат материјално, отколку духовно богатство, иако е сосема сигурно дека нашата среќа ја создава она што ние сме, а не она што го имаме.
- На младите главен предмет на учење мора да им биде учењето за поднесување на самотијата, таа е имено, изворот на среќа и душевен мир.
- Да се ожениш значи да ги преполовиш своите права, а да ги дуплираш обврските.
- Пријателот на сите не е ничив пријател.
- На пријателите лесно им ги простуваме грешките кои не не погодуваат.
- Разумот може да го замени речиси секој степен на образование, но образованието не може да го замени разумот.
- Ретко се наоѓа она што е вистинско, а уште поретко се цени.
- Самотијата е судбина на сите значајни души.
- Судбината ги меша картите, а ние играме.
- Во светот генерално владее злото, а главниот збор го има глупоста.
- Верата е како и љубовта : не знае да се наметне. Затоа и е залуден секој обид да се воведе или зацсврсти преку државни мерки.
- Здравјето ги надминува сите можни добра, така што здравиот просјак е посреќен од болниот крал.
- Зошто обичните луѓе се толку дружељубиви и прилагодливи? Затоа што полесно ги поднесуваат другите отколку себеси.