Вејн Даер е мотивациски говорник, терапевт и автор кој многумина го сметаат за „татко на мотивацијата“. Овие лекции можат многу да ви го променат животот, но само ако се навистина ги примените.
Соработката е поздрава од конкуренцијата – Вејн Даер вели „Ако сте секогаш во брзање, обидувајќи се да бидете пред некој друг или ако туѓите резултати се мотивација за Вас, тогаш таа личност има контрола над Вас.“
Ако ги сакате луѓето тогаш немојте да се обидувате да ги промените – „Љубовта е способност и спремност да им се овозможи на оние за кои се грижите да бидат она што го избрале за себе, без никакво инсистирање Вие да бидете задоволни.“
Незнаењето не е блаженство – „Највисок облик на незнаење е кога одбивате нешто за што не сте знаеле ништо.“
Вие не сте жртва на овој свет – „Како луѓето Ве третираат е нивна карма, како Вие реагирате е Ваша карма.“
Пронајдете се во самотијата – „Не можете да бидете осамени ако ја сакате личноста со која сте сами.“
Одбивањата Ве прават посилни – „Бидете благодарни на сите оние луѓе кои Ви рекле ‘не’. Поради нив сте успеале сѐ да постигнете сами.“
Фото: Freepik
Самопочитувањето не може да го добиете од другите – „Самопочитувањето не може да биде потврдено од другите. Вие сте вредни затоа што Вие така велите. Ако Вашата вредност зависи од другите, тогаш тоа е нивна вредност.“
Вие не го привлекувате она што го сакате во Вашиот живот, туку она што сте – „Ако сте опседнати да го поразите другиот и да победите по секоја цена, тогаш Вам Ви се гарантира дека ќе привлечете вибрации кои се еквивалентни на тоа размислување во својот живот, дури и ако вежбате јога и изговарате мантри секој ден.“
Не постојат граници на она што може да се постигне, Вие сте неограничено битие – „Кога ќе ги аргументирате своите ограничувања, сѐ што ќе добиете се Ваши ограничувања.“
Рајот на земјата е избор кој морате да го направите, а не место кое треба да го пронајдете – „Луѓето кои сакаат живеат во свет во кој се сакани. Непријателски расположените луѓе живеат во непријателски свет.“
Нема потреба да се нервирате околу сѐ – „Добро утро, овде е Бог. Јас ќе се погрижам за твоите проблеми денес. Не ми е потребна твоја помош. И затоа сакам да имаш чудесен ден.“
Сѐ што Ви е потребно е веќе во Вас – „Вие имате сѐ што Ви треба за потполен мир и среќа токму сега.“
Не постои крај на Вашиот личен развој – „Поединците кои сами себе се етикетираат велат: ‘Јас сум готов производ во ова подрачје и никогаш нема да можам да бидам поинаков’. Ако сте готов производ, спакуван и склопен, Вие сте престанале да растете.“
Бидете реални, очекувајте чуда – „Еднаш кога ќе верувате во себе и кога ќе ја видете својата душа како божествена и благородна, автоматски ќе се претворите во битие кое прави чуда.“
Следете го своето срце и ќе бидете успешни – „Да го правиш она што го сакаш е темел на изобилството во твојот
живот.“