X
 22.01.2019 Живот

Муралите на Универзитетот „Нотр Дам“ ќе бидат покриени зашто се навредливи за домородните Американци

Универзитетот „Нотр Дам“ во САД соопшти дека ќе ги покрие муралите што го прикажуваат пристигнувањето на Христофор Колумбо во Америка. Тоа следува по критиките дека тие се навредливи и понижувачки кон домородните Американци.

Се работи за 12 мурали на Луис Григори од 1880 каде што се прикажани доселениците што дошле во САД во периодот на антикатоличкото расположение во Европа, но и ја прикриваат другата страна: експлоатацијата и репресијата над домородните Американци, смета свештеникот Џон Џенкис, претседател на „Нотр Дам“.

- Ова е темната страна на приказната што мора да се признае - нагласи тој во официјалното соопштение.

Тој исто така најави дека муралите што се насликани на ѕидовите на главната зграда на овој католички универзитет во Индијана ќе бидат покриени, но ќе можат да се видат во посебни пригоди.

Во 2017 година повеќе од 300 сегашни и поранешни студенти и вработени во „Нотр Дам“ потпишаа писмо кое беше објавено и во универзитетскиот весник и кое повикува на отстранување на муралите.

Универзитетот „Нотр Дам“ е меѓу врвните истражувачки институции во САД и е познат по својата златна купола на главната зграда.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот