Уметничко дело распространето на 20.000 квадратни метри каде светлечките бои се чини дека танцуваат низ полето навечер, го поттикнува растот на земјоделските култури и ја истакнува важноста на иновациите во создавањето на одржливо земјоделство.
Проектот наречен „ГРОУ“ (анг. Grow - расте) на холандскиот уметник и иноватор Дан Росегард е инспириран од фотобиолошки светлосни технологии, кои укажуваат дека одредени комбинации на сина, црвена и ултравиолетова (УВ) светлина може да го подобрат растот на растенијата и да ја намалат употребата на пестициди за 50 отсто.
„Гроу“ моментално го тестира својот вертикален „лесен рецепт“ на огромно поле со праз во Лелиштад во Холандија. Холандија е еден од најголемите змејоделски производители во светот, кој извезува 65 милијарди евра овошје, цвеќиња, зеленчук, месо и млечни производи на годишно ниво.
Специјализираните ЛЕД диоди често се користат за одгледување на земјоделски култури во пластеници и сѐ повеќе се користат во „вертикалните фарми“ во градовите. Сепак, научниците веруваат дека може да има потенцијал и во користење на ЛЕД диоди во повеќе традиционални и рурални средини.
ЛЕД диодите со соларен погон ја зголемуваат светлината што
растенијата ја добиваат во текот на денот. Проектот на Росгард исто така истражува дали краткото изложување на некои бранови должини на УВ светлина може да ја намали потребата од пестициди.
- Специфична ултравиолетова светлина го активира одбранбениот систем на растенијата. А она што интересно е дека функционира на сите култури. На тој начин можеме да ја намалиме употребата на пестициди - вели Росгард.
Крајната цел на Росгард е да го однесе неговото уметничко дело во 40 различни земји, при што секое уметничко дело ќе има локална или национална култура и прилагоден рецепт за светлина. Освен тоа, неговото студио има за цел да создаде пејзажи на иднината.
Одржлив синџир на исхрана
Одржливата храна и земјоделството е клучна за исполнување на сите четири столба на безбедноста на храната - достапност, пристап, искористување и стабилност, според Организацијата за храна и земјоделство на Обеднитетите нации.
Организацијата истакна 20 активности што земјите и засегнатите страни треба да ги преземат веднаш за борба против глобалната несигурност во храната, вклучително и поврзување на малите сопственици со пазарите, заштита на снабдувањето со вода, зајакнување на луѓето и борба против нееднаквоста.
Извор:
Weforum.org
Фото: GROW/Ruben Hamelink and Daan Roosegaarde