X
 04.05.2020 Здравје

Состојба со Ковид-19: Денеска има 47 оздравени пациенти, 7 новозаразени

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65-годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на Ковид-19, и тоа по еден во Скопје, Прилеп и Кратово и 4 во Тетово.

Согласно ова, вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. Последната дистрибуција по градови е следна:

- Скопје – 512
- Куманово - 401
- Дебар – 51
- Штип-34
- Прилеп –159
- Тетово – 90
- Струга – 67
- Велес – 77
- Битола –19
- Охрид –15
- Кавадарци – 5
- Гостивар –17
- Гевгелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка-5
- Радовиш - 4
- Крушево – 3
- Кочани – 31
- Пробиштип – 2
- Кичево – 2
- Неготино -9
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод -2
- Пехчево- 2
- Делчево-1
- Валандово -1
- Виница – 2
- Кратово-1

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје