X
 22.03.2020 Живот

Како се фотографира нација под карантин?

Што би направиле доколку сте заглавени во град што е под карантин поради коронавирусот?

Ако сте Габриел Галимберти, почнувате да документирате како карантинот ги смени луѓето во северниот италијански град Милано. Така, 42-годишниот фотограф бил сведок на тепачка во супермаркет кога еден човек намерно се доближал до друг.


- Не допирај ме! Немаш ни маска! Заминувај! - му викал. Тепачката завршила кога пристигнале полицијата и амбулантното возило.

Галимберти успеа да направи впечатливи фотографии од маж кој со маска се моли во една црква, како и од осамен демонстрант.

1

Како и повеќе Италијанци, и Галимберти признава дека на почеток не го сфатил сериозно вирусот, не се придржувал до мерките и се дружел со луѓето. Но, сега, бројот на заразени со коронавирус е над 27.000, а бројот на смртни случаи над 2.000. Луѓето што сака да ги фотографира сега не го пуштаат во нивните домови. Надвор луѓето му велат дека треба да држи растојание од 1 метар, плашејќи се да не се заразат. Така, тој морал да ја прекине својата секојдневна работа.


- Почнувам да се плашам за моите пријатели, семејството, за сите и за мене - вели тој. Неговата сестра имала контакт со некој што можеби имал Ковид-19. Во неизвесност е целото семејство и ги чека резултатите.

2

Што го поттикнало да направи фотографии од празниот град?

- Чувствувам како да морам да ги раскажам приказните. Чувствувам дека луѓето од целиот свет треба да знаат што се случува тука и да дејствуваат однапред против овој вирус - вели тој.

Извор: National Gegoraphic
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот