X
 22.01.2021 Здравје

Квалитетен сон, вежбање или здрава исхрана - што е најважно за менталното здравје?

Од овие три главни фактори за добро здравје, еден се издвојува како најдобар за благосостојбата. Неодамнешно истражување покажува дека квалитетното спиење, вежбањето и јадењето повеќе овошје и зеленчук (во тој редослед), може да го подобри менталното здравје и благосостојбата кај возрасните.

Џеј-Руби Викам, главна авторка на истражувањето објавено во „Фронтиерс ин сајколоџи“, вели дека овие фактори треба да се сметаат за „трите столба на здравјето“. Меѓутоа, доколку треба да се одбере еден што е најважен за менталното здравје, тоа би бил квалитетниот сон.

Викам објаснува дека обично се препорачува подолго спиење наместо поквалитетно спиење, што не одговара со откритијата. Во истражувањето било заклучено дека луѓето со симптоми на депресија може да спијат премалку или премногу, но квалитетниот сон значително го подобрувал менталното здравје и благосостојбата.


Фото: Pixabay

Во истражувањето учествувале 1.100 испитаници на возраст од 18 до 25 години. По анализирањето на одговорите на испитаниците, истражувачите заклучиле дека луѓето што спијат квалитетно и спијат од 8 до 12 часа секоја ноќ имале најслаби симптоми на депресија. Во истражувањето, квалитетниот сон се дефинирал како чувство на освеженост по будењето.

Доволната физичка активност била втор најважен фактор, а јадењето свежо овошје и зеленчук бил трет најважен фактор за добро ментално здравје. Според заклучоците, најголемо влијание имале суровите намирници.

Автор. А. Павловски
Извор: today.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје