Овој тест се смета за најкраткиот тест за интелигенција во светот бидејќи содржи само три прашања. Колку побргу дојдете до решенијата, толку е повисока вашата интелигенција. Еве ги трите прашања.
1. Една палка и една топка чинат вкупно 1.10 фунти. Палката чини 1 фунта повеќе од топката. Колку чини топката?
2. Доколку на 5 машини им требаат 5 минути за да направат 5 производи, колку време ќе им треба на 100 машини за да направат 100 производи?
3. Во едно езеро има група од водни растенија. Секој ден групата се зголемува за двапати. Доколку се потребни 48 дена за групата растенија да го покријат целото езеро, колку време е потребно за тие да покријат половина од езерото?
Фото: Freepik
Решенија
1. Топката чини 0,05 пени.
2. Ќе бидат потребни 5 минути за да се направат 100 производи.
3. Растенијата ќе покријат половина од езерото за 47 дена.
Во анкета на речиси 3.500 луѓе, 33 отсто дало погрешни одговори на сите прашања, а 83 отсто згрешиле барем на едно прашање.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay