X
 21.08.2016 Наука

IQ-то е и ваша лична особина

Често кога опишуваме некого, интелигенцијата ја посочуваме како нечија лична особина. Според тоа, интелигенцијата ја поврзуваме со самата личност како дел од неа, а сепак ја тестираме и мериме поинаку.

 

наука


 

Карактерите се проверуваат преку одредени прашалници, но IQ тестот си има други карактеристики. Зошто карактерот се одвојува од интелигентноста кога е толку голем дел од тоа кои сме всушност ние?


Според Др. Скот Бери Кофман, интелигенцијата треба да се редефинира како еден од централните елементи на личноста. Неговото истражување во оваа област му ја донесе титулата на еден од 50-те светски научници кои преку своите теории го менуваат начинот на кој го гледаме светот.

Во неговите книги, тој ја обработува теоријата „двоен процес на човековата интелигенција“. Вели дека адаптацијата на вршење задачи е белегот на менталниот капацитет. Токму таа адаптација се базира на личните цели и желби и е поврзана со како што тој ја нарекува „креативна големина“.

Креативноста да увидиме што е она што го сакаме и имањето на ментален капацитет за да одредиме како ќе го добиеме тоа, е камен темелникот на она што го нарекуваме интелигенција. Уште од праисторијата кога човекот користел различни алатки па се до сегашно време кога научниците го откриваат човечкиот геном, самиот чин на откривање и дознавање на нешта кои го олеснуваат живеењето, се смета за интелигентен потег.

Имагинацијата и нашите желби кои се несомнено дел од нашата личност, според Кофман се суштински поврзани со интелигенцијата. Ова служи како доказ дека  IQ-то игра доминантна улога во нашиот карактер. Тој ја продлабочува теоријата и тврди дека дури и особините како страст и постојаност се исто така есенцијални белези на интелигенцијата.

478 учесници биле тестирани со цел да се направи поврзување на интелигенцијата со карактерните особини. Тестирани биле апстрактните мисли и знаење на учесниците а понудени им биле 15 опции, кои ја мерат врската помеѓу интелигенцијата и карактерот. Од 45-те особини кои биле оценети на тестот, 9 од нив биле силно и позитивно поврзани со повисоко  IQ, креативност, компетенција, имагинација, како и отвореност кон нови искуства (што подразбира љубопитност и авантуристички дух – уште едни особини поврзани со интелигенција).

Иако ова е релативно нова научна теорија, доказите кои ги носи со себе се цврсти. Доколку интелигенцијата и карактерот се навистина толку силно поврзани, тогаш тие како комбинација се составен и важен дел од вашата индивидуалност во целост.
Подготвил: M.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука