X
 22.04.2023 Живот

Интересни факти за јапонската цреша, предвесникот на пролетта

Пролетта е во воздухот, а исто така и глетката на расцутени црешови цветови.

Сигурно знаете дека нежните, бледорозови убавици се неофицијален национален свет на Јапонија.

Како и да е, ова чудо на природата е инспирација за безброј цитати, филмови, облека, сувенири, па дури и рецепти, особено во овој период од годината. Ова се неколку интересни факти за црешите во Јапонија.

1. Цветовите се јадат

Во Јапонија, каде што се познати како сакура, овие цветови служат како примарна состојка во сакурају и традиционални слатки, вклучувајќи сакура мочи, манџу и нерикири. Можете да ги јадете и лисјата од дрвјата. Но, нивниот плод во никој случај не треба да се јаде (овие дрвја се различни од црешите што ги имаме ние).

2. Нивните плодови содржат цијаногени соединенија


Цветовите на црешите содржат соединенија кои произведуваат цијанид кога се разградуваат. Ова е особено случај со нивните незрели бобинки. Листовите и плодовите од цветот на овој вид цреша содржат отровен цијанид, особено незрелите бобинки. Листовите од црешата не се сметаат за опасни освен ако не се консумираат во големи количини. Наводно, виновникот лежи во семките на бобинките. Тие содржат токсични количини на амигдалин, хемикалија која телото ја претвора во цијанид. Затоа е препорачливо да се јаде во мали количини, а концентрацијата на соединенијата се намалува кога цвеќињата се варат или целосно се сушат.

3. Поврзани се со розите

Во таксономијата на растенијата, сакура и сите нејзини сорти припаѓа на семејството на цветни растенија наречено „Rosaceae“, кое во моментов се состои од 2.500 видови во повеќе од 90 рода. Тука се вклучени розите и цветовите од цреша, поради што овие растенија се поврзани.

4. Процесот на цветање има 11 фази

Цветањето обично се одвива во шест фази, но љубителите на ова растение велат дека ги набљудувале, така што откриле дека имало 11.

Овие фази, по хронолошки редослед, вклучуваат: 1. пупки; 2. испакнати пупки; 3. цветање; 4. 10 отсто цут; 5. 30 отсто цут; 6. 50 отсто цут; 7. 70 отсто цут; 8. 100 отсто цут или целосно цветање; 9. процес на паѓање; 10. паѓање и 11. крај.

5. Специфичното јапонско име на цветот сакура зависи од бројот на ливчиња

На пример, цветовите што имаат пет ливчиња се нарекуваат „хитое“. Цветовите што имаат од пет до десет ливчиња се нарекуваат „јае“.

6. Постојат 800 вида сакура во Јапонија

Од 2022 година во Јапонија се присутни 800 видоа сакура. Од нив, најчест е видот сомеи-јошино.

7. Јапонија не е главна земја на цветот на црешите

Иако сакура е неофицијален национален цвет на Јапонија, оваа источноазиска земја не е главна кога станува збор за овие видови. Таа титула му припаѓа на градот Мејкон во американската сојузна држава Џорџија, дом на 350.000 јошино-дрвја.

Исто така, главниот град на САД стана омилено туристичко место напролет поради живописните цветови.

8. Јапонија првпат испрати цветови од цреши во САД во 1910 година, но властите ги изгореле

Првите јапонски дрвја сакура биле дадени како подарок на САД и биле засадени во 1912 година. Таа серија вклучувала повеќе од 3.000 дрвја кои биле испратени од Јокохама до Вашингтон.

Иако Јапонија првпат испратила околу 2.000 дрвја сакура во САД две години порано, тие никогаш не процветале бидејќи Министерството за земјоделство препорачало да се запалат откако биле пронајдени инсекти и болести во дрвјата. Овој потег за малку ќе предизвикал дипломатска криза.


9. Првите вистински сакура дрвја во САД биле засадени во Мериленд

Првите вакви дрвја биле засадени во САД неколку години порано. Д-р Дејвид Ферчајлд купил 75 дрвја од јапонски расадник во 1906 година.

10. Во име на цветовите на црешата, во Вашингтон се случил бунт

Во 1938 година граѓаните на Вашингтон протестирале против изградбата на Меморијалот „Томас Џеферсон“ со цел да ги спасат црешовите дрвја кои било планирано да се отстранат. На денот на изградбата, 50 жени марширале кон Белата куќа во организација на движењето познато како „Бунт на црешовото дрво“.

Следниот ден, овие жени се врзале со синџири за дрво на градилиштето. Подоцна им се придружиле стотина луѓе кои се обиделе да ги земат лопатите од работниците, да ги наполнат ископаните дупки и да се подготват за долга борба против булдожерите. Но, на крајот биле поткупени со ручек и кафе, а жените морале сами да се одврзат бидејќи морале да одат во тоалет.

11. Во Амстердам има 400 дрвја сакура

Амстердам Бос, еден од најголемите градски паркови во Европа, е уште едно популарно место каде што можат да се забележат вакви дрвја. Паркот има 400 дрвја кои се донација од јапонскиот женски клуб во 2000 година, од кои секое е именувано. Половина од дрвјата имаат јапонски женски имиња, вклучувајќи ги Ајако, Хитоми, Марико, Саори и Томико. Во меѓувреме, другата половина имаат холандски женски имиња како Елске, Фрике, Грета, Жозефиен и Марјолеин.

12. Научниците работат на создавање втора сезона за сакура дрвјата

Цутењето на овие дрвја трае само неколку недели, така што луѓето сакаат да трае повеќе. Благодарение на ботаничарите од Универзитетот во Кјото, сакура дрвјата во Јапонија сега имаат потенцијал да цветаат и во пролет и во есен. Интересно е што ботаничарите случајно ја откриле можноста додека се обидувале да развијат зрно ориз што би можело да се бере и жнее повеќе од еднаш.

Извор: Yahoo.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот