X
 22.05.2017 Живот

Психолог објаснува на што го губиме нашето слободно време

Ако чувствувате дека немате слободно време, најверојатно и го немате. Барем споредено со периодот пред 10 години.

Психологот Адам Алтер од универзитетот во Њу Јорк презентирал три графикони кои го опишуваат просечниот работен ден. Сините делови значат спиење, работење, патување и „преживување“ (работи како јадење и сл.), кои одземаат две третини од денот. Црвениот дел означува време поминато пред екран а жолтата и белата боја го означуваат слободното време.

Во 2007 година, времето кое го поминувавме пред екраните беше минималниот, но сега тоа е речиси целото наше слободно време. Психологот тврди дека времето поминато пред екраните е залудно потрошено, односно со тоа не добиваме никаков сигнал да се оттргнеме од екраните и да направиме нешто друго. Ако читаме весник или книга, на таа активност по некое време и доаѓа крајот, но кај телевизијата на пример, нема крај, односно, постојано сме закотвени пред екранот.

Психологот препорачува да направиме пауза од времето поминато пред екран, иако понекогаш може да се погледнат информативни и едукативни содржини. Бидејќи, можно е со такво темпо да се појави чувство на изолација. Потребно е, според Алтер, да се креира здрав баланс помеѓу користењето на електронските уреди и посетата на социјалните мрежи. Кога човекот ќе реализира и други активности, ќе согледа дека животот е далеку поколоритен и побогат, вели тој.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот