X
 22.06.2017 Живот

„Празниот“ град кој е четири пати поголем од Лондон

Според информациите од „Google“, Лондон има површина од 1,569 km². Најпијтау е главниот град на Бурма и има површина од 7,054 km².

Ова значи, дека главниот град на Бурма е речиси 4 и пол пати поголем од главниот град на Велика Британија. Официјално, популацијата брои 924.608 граѓани, а во Лондон во 2016 имало 8.63 милиони. Што значи, овој град има 9 пати помалку население од Лондон.

Широки патишта и улици се карактеристика за градот, има покриеност со електрична енергија и интернет, како и ресторани и кафулиња.

Во „The Guardian“ го опишуваат градот како нереален град, со оглед на огромната површина и мал број на население. Сите објекти изгледаат масивно, а улиците имаат дури 20 ленти за возење. Во градот има сафари парк, зоолошка градина и најмалку 4 голф терени. Бизарен урбанистички план и чудна празнина, стои во текстот на весникот.

Карактеристично е тоа што иако изгледа празно, конструкцијата и градењето во градот и понатаму продолжува.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот