X
 30.07.2022 Живот

Најмладите држави во светот: Земји каде што повеќе од половина од жителите се под 18 години

Дали можете да замислите земја во која половина од жителите се под 18 или 15 години? Со оваа листа ќе ви биде полесно, а очекувано, речиси сите земји се во Африка.

Нигер - 57 отсто малолетно население

Дефинитивно рекордер во светот е африканската држава Нигер, каде што дури 57 отсто од жителите се малолетни. Според статистичките податоци, една жена во Нигер во просек раѓа по 8 деца. За жал, иако многу земји би сакале да имаат толку млада популација, во Нигер ова е голем проблем со оглед на сиромаштијата.

Уганда - 55 отсто малолетно население

Како и кај Нигер, причината за толку голем број млади е некористењето контрацепција и традиционално многудетните семејства. Дури 77 отсто од жителите се под 25 години, што е проблем и за младите од оваа земја која се бори со висока стапка на невработеност и низок животен век.

Мали - речиси половина од жителите се под 15 години


Невработеноста, сиромаштијата и честите политички кризи наведуваат голем број млади луѓе кон вооружени групи, кои лесно ги регрутираат. ОН интервенираа со својата програма за отворање работни места за 3.000 млади луѓе, но тоа не е доволно во земја каде што речиси половина од 20 милиони жители се на возраст под 15 години.

Авганистан - половина од жителите се малолетни

На листата со „најмлади“ земји во светот единствена неафриканска држава е Авганистан, каде што малолетниците опфаќаат 51 отсто од населението. Со години сме сведоци на вестите од Авгтанистан, доволно за да почувствуваме каква е атмосферата во оваа азиска земја и проблемите со кои се соочуваат нивните млади.

Извор: Punkufer.hr
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот