Научници од Хонгконг создадоа „мек робот“ што може да вади предмети од стомакот на човекот

Научници од Хонгконг создадоа „мек робот“ што може да вади предмети од стомакот на човекот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Истражувачите од кинескиот универзитет во Хонгконг создадоа „мек робот“ од магнетизирана маса.

Тие се надеваат дека во иднина нивниот изум ќе може да се користи за извлекување предмети што луѓето случајно ги проголтале.

Роботот содржи магнетни честички кои се токсични, но бидејќи се покриени со силиконски слој, научниците се надеваат дека роботот ќе биде безбеден.

Потребни се дополнителни тестирања за да се потврди оваа теза.

Извор: ВВС
Фото: BBC/Screenshoot