X
 22.09.2019 Живот

Австралија снемува питка вода

Повеќе од десетина градови во Источна Австралија се сè поблиску до денот нула - денот кога ќе пресуши последниот извор на питка вода.

Како што се интензивираат глобалните климатски промени, така Австралија е силно погодена од невиден бран суша и недостиг на вода. Некои погодени градови веќе се без вода, а властите велат дека на другите им остануваат само неколку месеци и дека може да останат без питка вода пред крајот на годината, нагласувајќи ја застрашувачката реалност на свет изгорен од еколошкиот колапс.

Фармите веќе остануваат без вода, а продавниците се затвораат бидејќи луѓето се преокупирани да преживеат. Некои власти известија и за кражба на вода.

- Знам некои одгледувачи што одлучија да не садат ништо оваа година и за кратко да ги затворат бизнисите - вели фармерот Ангус Фериер.

Тој лично морал да откорне илјадници дрвја цитрон што ги одгледувал и очекува дека ќе треба да жртвува уште.

Австралиските власти не можат да ја поправат климата, но може да ја поминат следната година увезувајќи вода - скапа привремена мерка која потсетува на сугестијата за влечење ледник до Јужноафриканската Република, кога таму снема вода.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот