X
 30.01.2023 Спорт

Дали Ѓоковиќ е најдобар во светот? Еве што вели статистиката

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Отворено тениско првенство на Австралија, победувајќи го Стефанос Циципас во финалето кое се одржа вчера.

Победата доаѓа по една година откако Ѓоковиќ го пропушти претходното првенство и беше депортиран од Австралија бидејќи одби да се вакцинира против коронавирусот.

Со победата против Циципас, Ѓоковиќ ја освои својата 22. гренд слем титула и се врати на врвот на ранг-листата со најдобри тенисери во светот на АТП. По вчерашната победа се отвори дебата за тоа кој е најдобар тенисер во историјата.


Фото: Novak Djokovic

Ова прашање веројатно никогаш нема да има дефинитивен одговор, но статистиката покажува дека Ѓоковиќ води во борбата за најдобар тенисер против Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Ѓоковиќ и Надал имаат по 22 гренд слем титули, но Ѓоковиќ поминал најмногу седмици на врвот на АТП-листата - 373, во споредба со 310 на Федерер и 209 на Надал. Ѓоковиќ завршил повеќе години како број 1 од другите тенисери, односно седум години бил најдобар во светот. За споредба, Пит Сампрас бил најдобар шест години, а Роџер Федерер, Рафаел Надал и Џими Конорс по пет години.


Фото: Novak Djokovic

Меѓутоа, Ѓоковиќ освоил 93 големи турнири, повеќе од Надал, кој освоил 92, а помалку од Федерер, кој освоил 103.

Кога станува збор за освојување титули на исто првенство, Ѓоковиќ освоил 10 на Отвореното тениско првенство во Австралија. Тоа е ист број на титули од едно првенство како и Федерер, но помалку од Надал, кој освоил 14 титули на „Роланд Гарос“, 12 во Барселона и 11 во Монте Карло.

Извор: 24 news recorder
Насловна фотографија: Novak Djokovic
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт